Антонела Рокузо, сопругата на Лионел Меси, вчера го прослави својот 36-ти роденден, а на Инстаграм покажа дека го поминала со сопругот и децата.
На една фотографија таа позираше со сопругот покрај ѕид украсен со балони и цвеќиња, а познатиот фудбалер на својот Инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија со зборовите: „Среќен роденден, принцезо! Те сакам“.
Обожавателите и честитаа во коментарите, а многумина беа изненадени од скромноста на роденденската прослава: „Роденденот изгледа поскромно од некои инфлуенсери“, „Убава и едноставна“ и „Луѓето кои имаат пари не се докажуваат со расфрлање на роденденски забави“.
Инаку, парот се запознал кога Меси имал само пет години, а врската ја започнале во средно училиште. Нивниот прв син Тиаго се роди во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна, додека нивниот трет син Сира се роди во 2018 година. Антонела и Меси се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, на приватна церемонија, далеку од очите на јавноста.