Сопругот на убиената снимателка Халина Хачинс, Метју Хачинс го обвини глумецот Алек Болдвин за траедијата која е случи во Ново мексико. Тој рече дека е апсурно да се мисли дека Болдвин не е одговорен затоа што тој е оној кој пукаше во неа на снимањето на филмот „Рѓа“.
Во инцидентот, Болдвин со пиштол реквизит го застрела и режисерот Џозел Соуза.
View this post on Instagram
Метју во емисијата Today рече дека бил разочаран од глумецот затоа што одбил да превземе било каква одговорност.
„Точно е дека безбедноста на оружјето не беше единствениот проблем на сетот. Постојат низа на безбедносни стандарди кои не беа испочитувани и постојат повеќе одговорни страни“, рече Метју но, додаде и дека е апсурд да се мисли дека тој кој го држел пиштолот и го испукал куршумот не е виновен. Метју смета дека најголемиот дел од одговорноста паѓа на грбот на Болдвин.
„Звучи како тој да е жртвата. Откако ја обвини Халина во интервјуто и одговорноста ја префрли на друг, плачеше. Јас само се прашувам, дали треба да ве заштитиме вас господине Болдвин?“, рече Метју.