Аријана Гранде донираше милион долари за онлајн терапии

Популарната пејачка Аријана Гранде, во соработка со компанијата BetterHelp, донираше милион долари за онлајн психолошки терапии.

Аријана смета дека психолошката терапија треба да биде достапна за сите, а не да биде привилегија само за одредени луѓе.

Таа ги охрабри сите оние на кои им е потребна помош и порача дека не е срамота да се побара поддршка или совет од психолог и психијатар.

„Се надевам дека ќе ја искористите оваа можност и ќе ја посетите страницата за помош, каде што ќе бидете споени со сертификуван психолог во траење од месец дена. Потоа ќе имате опција да ја обновите претплатата и ќе продолжите со терапијата. Се надевам дека ова ќе биде корисна почетна точка и дека ќе направите место за ова во вашиот живот. Заздравувањето не е едноставно, но вреди“, напиша пејачката.

Компанијата со која пејачката соработува е портал, кој на посетителите им дава директен пристап на услуги во областа на менталното здравје. Тие им овозможуваат психолошка терапија преку интернет, телефонски повици или пораки.

 

Scroll to Top