Пејачката Аријана Гранде неодамна покрена фондација која се занимава со помагање на млади трансродни лица. Таа рече дека фондацијата се вика „За заштита и одбрана на трансородни млади лица“ и ја основала во соработка со платформата Pledge.
Таа ја основала за помош на организациите кои пак треба да им помагаат на младите трансродни лица во залагањето за нивните права. Гранде ги повика своите фанови да ѝ помогнат со донирање средства. Таа рече дека во моментов има над стотина неплатени, срамотни судски трошоци во процесите кои се обидуваат на младите трансродни лица да им ги ускратат нивните права.
Ги повика и организациите кои се занимаваат со правата на трансродни лица да се информираат за фондацијата и да го пренесат гласот кон другите. Ова го најави на 31 март кога се одбележува денот на видливоста на трансродовите лица.
View this post on Instagram