Арнолд Шварценегер повторно стана дедо

Холивудскиот глумец Арнолд Шварценегер повторно стана дедо. Тој доби уште едно внуче, откако ќерка му Кетрин и нејзиниот сопруг Крис Пат го добија второто дете. Тие добија уште една ќерка Елоиз Кристина.

„Со голема радост сакаме да ве известиме дека добивме уште една ќерка, Елоиз Кристина Шварценегер Прат. Многу сме среќни и благодарни. Ве сакаме, вашите Кетрин и Крис“, рече ќерката на Шварценегер.

За потсетување, популарната двојка пред две години доби ќерка. За Крис ова е трето дете. Тој со поранешната партнерка Ана Фарис, го има синот Џек.

Scroll to Top