Аутистична девојка го обвини Ник Картер дека ја силувал

Еден од членовите на популарната група „Бекстрит бојс“, Ник Картер, е обвинет за силување малолетна девојка. Девојката Шенон Шеј Рут, која е аутистична, со нејзините адвокати одржаа прес-конференција на која  објавија дека Картер ја силувал во 2001 година, кога имала само 17 години.

dobivaj vesti na viber

„Последните 21 година бев исполнета со болка, збунетост, фрустрација, срам и самопонижување. Сето тоа ми го предизвика Ник кога ме силуваше. Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо од сето тоа не влијаеше толку на мене, ниту имаше трајно влијание врз мојот живот како тоа што ми го направи Ник“, рече Шенон.

„Се сеќавам дека откако ме силуваше ме нарече ретардирана кучка. Ме стисна и ми направи модринки на раката. Се обиде да ме исплаши и да ме замолчи. Беше безобразен и ми се закануваше“, објасни таа и додаде дека само затоа што е славна личност не значи дека може да биде ослободен од злосторство.

Нејзиниот адвокат рече дека постојат уште три анонимни жени кои заедно со Рут поднеле тужба против Картер.

„Тој има долга историја за злупотреба на жени“, рече адвокатот и додаде дека Рут бара правда и сака да ги заштити другите жени.

Page Six дојде до тужбата. Во неа детално е објаснето како Картер ја повикал во автобус, по концертот во Такома. Пејачот засега се нема огласено.

 

 

Scroll to Top