Бебето го изгубивме од преголем стрес, Хари и Меган за најтешкиот период во животот во новиот документарец на „Нетфликс“

Принцот Хари и Меган Маркл во една од последните епизоди во нивната документарна серија на „Нетфликс“, тврдат дека го изгубиле детето поради стрес. Меган абортирала поради силниот стрес на кој била изложена за време на тужбата која ја водела против „Дејли Мејл“.

Принцот Хари рече дека Меган откако станала војвотка од Сасекс, не можела да се носи со притисоците на британските медиуми, кои ја следеле во секој чекор.

„Верувам дека мојата сопруга доживеа спонтан абортус заради она што „Дејли Мејл“ ѝ го предизвика. Ја гледав целата работа. Сега, знаеме ли апсолутно дека абортусот е предизвикан од тоа. Се разбира дека не. Но, имајќи го во предвид стресот под кој тогаш беше, недостатокот на сон, можам да кажам дека абортусот настана поради тоа што тие се обидуваа да ѝ го направат“, рече Хари и додаде дека Меган офоцијално абортирала уште првото утро откако се преселија во САД.

Хари и Меган во 2020 година покренаа тужба за кршење на авторските права против Associated Newspapersa, сопственикот на „Дејли Мејл“, „Мејл Онлајн“ и The Mail on Sundaya, кои без нејзина дозвола објавија материјал од нејзиното приватно писмо кое Меган му го имаше испратено на татко ѝ пред венчавката.

Татко ѝ Томас Маркл им го продаде писмото на таблоидите, по што изгуби секаков контакт со ќерка му и кралското семејство. Меган во судската битка победи и доби милионска отштета.

„Ова е победа не само за мене, туку и за секој кој се плашел да застане за она што смета дека е исправно“, рече Меган.

За потсетување, „Нетфликс“ ги објави последните три епизоди од документарецот „Хари и Меган“, од кој гледачите имаа можност да добијат подобар увид во нивниот приватен живот и животот на кралското семејство. Меган и Хари им покажаа и досега невидени фотографии од децата Арчи и Лилибет.

 

Scroll to Top