Дејвид и Викторија Бекам за една вечера во Мајами потрошиле 2200 евра, пренесе Page Six. Биле видени во луксузниот ресторан и бар LPM во населбата Брикел.
Извор близок до нив рече дека потрошиле големи пари јадејќи салата од ендиви, пченка и калинка.
Со нив биле уште двајца гости, кои нарачале скапи тестенини за кои потрошиле 1676,27 евра.
Бекамови оставиле и бакшиш од 334,54 евра и со данокот од 180 евра, вечерата ги чинела вкупно 2200 евра.
Изворот додаде дека Бекамови со гостите биле љубезни кон персоналот и келнерите.
Една од келнерките која ги услужила, дури и се загрижила за нејзиниот изглед, затоа што целиот ден работела на влага. Бекам бил љубезен и ја уверил дека изгледа одлично.
Со Викторија добиле ВИП третман во ресторанот, со влегување и излегување од задниот дел. Вечерале во приватен дел, за да можат да уживаат во мирот.
Овој им бил еден од омилените ресторани, а на истото место претходно биле видени во август 2021 година. Тогаш потрошиле само 332 евра, а оставиле бакшиш од 108 евра.
Луксузните ресторани и шопингот не се ништо ново за оваа двојка за која се вели дека заедно вредат 450 милиони долари, што е 403 и пол милиони евра.