Холивудскиот актер Бен Афлек има нова девојка, Плејбој зајачицата Шона Секстон, пишуваат американските медиуми. Афлек неодамна раскина со продуцентката Линдзи Шукас, поради која се разведе од сопругата Џенифер Гарнер, па брзо потоа почна да се гледа со Секстон.
Таблидите во Америка пишуваат дека Афлек го прославил 46 роденден во нејзино друштво, иако на забавата дошле одвоено за да не ги фографираат папараците. Дека се во врска, потврдил пријател близок на Шона, кој рекол дека одамна не ја видел толку среќна и насмеана и дека Бен е совршен маж за неа.
Ниту Бен ни Шона не потврдија дека се во врска.