Поради пожарите кои продолжуваат да беснеат во Лос Анџелес, бројни жители мораа да ги напуштат своите домови, меѓу кои и холивудските ѕвезди, од кои многумина ги загубија своите домови.
Актерот Бен Афлек мораше да се евакуира од својата вила вредна 20 милиони долари, која остана недопрена од пожарот, а папараците викендов го фотографираа надвор од неговиот дом со најстарата ќерка Виолет.
52-годишниот актер бил обземен од емоции и бил снимен со загрижен израз на лицето, а во еден момент ја прегрнал ќерката која носела заштитна маска, по што го напуштиле Брентвуд каде се наоѓа неговата куќа.