Холивудскиот глумец Бен Афлек и неговата колешка од Куба Ана де Армас се повторно заедно, пишуваат некои од американските таблоиди. Двојката се раздели на почетокот на годината, а сега некои медиуми откриваат фотографии од Ана, на кои носи нактит во форма на половина срце.
Обожавателите коментираат дека тоа не е првпат Ана да носи таков накит, а неколку наврати ги имаат видено двајцата како го носат истото срце, па многумина коментираат дека двојката е повторно заедно.
Како што пренесуваат нивни блиски пријатели, двајцата останале во добри односи и откако се разделија. Редовно комуницираат и разговараат и меѓу нив постои голема почит. Бем и понатаму работи на себе. Во моментов има три ангажмани во низа, а дома го чекаат децата.
„И двајцата се задоволни од своите животи“, изјавил извор за Page Six.