Бен Афлек планира да ја побара Џенифер Лопез за сопруга, актерот разгледувал прстени

Холивудскиот актер Бен Афлек планира наскоро да ја побара неговата девојка Џенифер Лопез за сопруга. Тој бил снимен како разгледува прстени во една од златарниците во Лос Анџелес. Бен бил заедно со неговата мајка Сем и деветгодишниот син Самуел, пренесува Page Six.

За потсетување, Бен и Џенифер беа свршени во 2002 година, а првиот прстен кој тој ѝ го даде беше 6,1-каратен розов дијамант, а неговата цена изнесуваше 1,2 милиони долари. Медиумите пренесуваат дека тоа му била паметна инвестиција, затоа што прстенот сега вреди 12 милиони.

Засега не е познато дали Лопез му го врати прстенот на Бен. Ако тој ја побара за жена, тоа за Џенифер ќе биде шеста свршувачка и четврт брак. Бен пак досега беше во брак со Џенифер Гарнер од 2005 до 2018 година и со неа има три деца.

 

 

Scroll to Top