Холивудскиот актер Бен Афлек повторно ја побара за жена пејачката Џенифер Лопез (52), откако претходно тоа го стори пред речиси две децении. Таа ја објави веста на својата веб-страница, со видео од нејзиниот прстен со зелен камен, омилената боја на пејачката.
„Секогаш велам дека зелената боја е мојата среќна боја“, напиша еднаш Лопез (52).
View this post on Instagram
Таа пред да објави на веб-страницата, на својот Инстаграм профил објави преку видео, а под него напиша дека има многу возбудлива вест што сака да ја сподели.
View this post on Instagram
За потсетување, Лопез и Афлек ја обновија врската по речиси две децении. Тие беа свршија до 2004 година, но потоа ја раскинаа свршувачката. Во меѓувреме и двајцата се венчаа и добија деца, а по разделбата со претходните партнери, тие повторно ја обновија врската.
View this post on Instagram