Најдобриот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема ја освои Златната топка на синоќешната церемонија во Париз во присутво на неговата бивша Кора Готје и сегашна девојка Џордан Озуна.
Триесет и четиригодишниот Французин беше голем фаворит за престижната награда. Тој на црвениот тепих позираше со неговиот петгодишен син Ибрахим, кого го доби во врската со францускиот модел Кора Готје. Медиумите пишуваат дека Бензема од летоска е во врска со Озуна.
„Бензема ги покани и Кора и Џордан на гала свеченоста, но на црвениот тепих позираше само со синот Ибрахим. Кора се држеше резервирано на настанот, а ниту Џордан не се фотографираше со Бензема“, пишуваат француските медиуми.
Бензема има и осумгодишна ќерка од друга врска.