Беше загрижен за својот низок раст, па цел живот заведуваше мажени жени: животната приказна на балетанот Михаил Баришников

By

Балетанот и кореограф Михаил Баришников, најпознат по улогата на Русинот Александар Петровски, поради кој Кери го остави Ѕверката и се пресели во Париз, може да се пофали со богата кариера, која трае речиси шест децении. И покрај тоа што се доближува до 71. роденден, тој сè уште настапува. Важи за еден од најголемите балетани во историјата, а денеска и официјално е американски државјанин откако последниот роденден го прославил во Летонија, каде што е и роден.

dobivaj vesti na viber

Таткото на Михаил бил воен офицер, многу ладен тип, а мајка му сакала опера и театар. Таа го запишала во балетско училиште кај својата другарка, каде што бргу покажал исклучителен талент, а на 11 години бил  примен на Државната балетска академија. Летото следната година таа го однела кај баба му во Русија по што се вратила во Рига и се обесила во бањата во социјалниот стан. Набргу потоа таткото повторно се оженил, па Михаил морал да бара ново семејство.

„Не е сè како во романите на Чарлс Дикенс. Кога ќе ги изгубите родителите во детството, тоа е животен факт, а човечките суштества имаат неверојатна способност да преживеат. Мајка ми се самоуби, никогаш навистина не го познавав татко ми. И што сега? Дали сум поинаков поради тоа? Дали родителите треба да се обвинуваат за сите глупости во животот? Ни случајно“, вели тој во едно интервју и додава: „Имав среќа бидејќи се заљубив во танцувањето“.

Баришников вежбал по цел ден, а навечер спиел на дрвена штица бидејќи се надевал дека тоа ќе му помогне да порасне. Бил загрижен за својот низок раст бидејќи играл претежно споредни, честопати комични ликови. Но, лошата политичка ситуација го натерала среќата да ја бара надвор од Русија, па по турнејата низ Канада со театарот „Бољшој“ во 1974 година, заминал во САД, каде што почнал да настапува во Американскиот балетски театар во Њујорк. Таму учествувал во голем број проекти, како „Жизел“, „Копелија“, „Ла Силфид“ и многу други. Во првите две години добил 25 балетски улоги по што неговиот живот целосно се променил. Во Русија настапувал можеби пет-шест пати месечно, а во САД исто толку пати, но на неделно ниво.

Покрај што внел нов живот во класичниот балет, тој снимал и телевизиски специјали, благодарение на кои пошироката јавност имала можност да ги види неговите неверојатни скокови поради кои изгледало како да лебди во воздухот. На Бродвеј настапувал и со Лајза Минели (со која бил во врска) и се покажал како талентиран филмски актер, па бил номиниран за „Оскар“ за улогата во „Пресврт“, каде што партнер му бил Ен Бенкрофт, а за „Златниот глобус“ во „Бели ноќи“, во кој глумеше со Изабела Роселини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jlfm1964

Баришников отсекогаш имал бурен љубовен живот уште додека живеел во Русија. Наводно, неколкупати бил во врска со мажени жени, а во средината на седумдесеттите стапил во страсна врска со Галси Киркланд, 22-годишната балерина, која ја поканил да му биде партнерка на сцената, но и во креветот. Но, оптоварена со совршениот изглед и измачувана од напорните проби на кои тој инсистирал, таа гладувала и повраќала, покрај тоа си вшприцала кравја урина и користела кокаин, па дури и се откажала од балетот некое време. Потоа сето тоа таа го опиша во шокантно искрената автобиографија, во која исто така изјави дека Михаил често ја терал да глуми слугинка и негова играчка додека воделе љубов цела ноќ. Тој изјави дека не ја прочитал книгата, ниту има намера да го стори тоа.

Во 70-тите бил во врска со Џесика Ланг додека таа сè уште била во брак со фотографот Пак Гранде. Меѓутоа, набргу по раѓањето на ќерката Александра, именувана по мајката на Михаил, кога се чинело дека парот, конечно, ќе се смири, кон средината на 80-тите Џесика го запознала харизматичниот актер и писател Сем Шепард и побегнала со него. Баришников во тоа време веќе бил во врска со балерината Лиза Рајнхарт, а Ланг го знаела тоа, но сепак му се јавила да му каже дека го остава и заминува со Шепард, Михаил останал вчудовиден, ја спуштил слушалката и не разговарал со неа две години.

Во 1997 година, шест месеци пред да наполни 50 години, решил да ја прифати поканата да настапи во Летонскиот народен театар во градот Рига, каде што е роден. Таму заминал со Лиза Рајнхарт и две од неговите четири деца, тогаш 8-годишниот син Петар и 16-годишната Александра, каде што им го покажал станот во кој пораснал, а кој социјален.

„Во тој стан живеевме пет семејства. Мајка ми и татко ми имаа една соба, во која јадевме и престојувавме, а во другата соба, во која имаше два кревета, спиевме јас и мојот полубрат Владимир. Во другите соби имаше други семејства, вкупно пет-шеснаесет луѓе. А станот имаше една кујна, еден тоалет и една бања. Но, никогаш немаше топла вода, па јас и Владимир одевме во јавна бања со татко ми“, им рекол Михаил на децата.

Во 2006 се оженил со Лиза, со која има три деца. Кога тие пораснале и станале независни, Михаил и Лиза ја продале пространата куќа во Синденс Лендинг и се преселиле со трите мачки во стан од 1,4 милион долари во Њујорк, каде што неуморниот танчар отвори свој уметнички центар за кореографија на Менхетн во 2005 година, каде што играчите, но и сите други уметници од целиот свет, може слободно да работат и да истражуваат.

Михаил со улогата во „Сексот и градот“ доби нов статус на ѕвезда, а во една пригода таа улога ја коментира: „Не знам зошто ја прифатив таа улога. Мојата сопруга мислеше дека можеби ќе ми биде интересно. А можеби е како во онаа шега: стар уморен црв се фрла во чинија со шпагети затоа што мисли дека таму има оргија!“

Тој призна дека секојдневното снимање му било многу напорно, но не се жали бидејќи, од една страна, собрал нови средства за својот центар, а од друга, освоил нова публика, која ќе се интересира за неговиот лик во серијата.

Ќе ви се допадне