„Бетмен пристигна во Хрватска“: актерот Кристијан Бејл летува на Хвар

Познатиот актер Кристијан Бејл деновиве летува во Хрватска.

Според порталот „24сата.хр“, Кристијан со семејството пристигнал во Хрватска и биле на Хвар, а потоа заминале во Мљет.

На страницата на Инстаграм на луѓе кои се занимаваат со изнајмување велосипеди, се појави фотографија од познатиот актер.

„Погодете кој возеше велосипед со нас денес? Нема погрешен одговор“, напишале тие, а меѓу понудените одговори биле Кристијан Бејл, Брус Вејн и Бетмен.

„Бетмен пристигна во Хрватска“, „Легенда“, „Тој е толку кул“, „Легендарниот Бетмен“, се само дел од коментарите под објавата.

Бејл го толкуваше ликот на Брус Вејн, односно Бетмен, во неколку филмови на Кристофер Нолан.

Scroll to Top