Барон Вилијам Трамп (14) е единственото дете на Доналд и Меланија. Во јавноста малку се зборува за него. Еве пет интересни факти за него кои сигурно досега не сте ги знаеле:
1. Роден е на 20 март 2006 година, што значи дека претседателот на Америка имал околу 60 години кога се родил Барон .
2. Барон е доста висок за својата возраст. Со 14 години, веќе е повисок од својот татко Доналд Трамп, кој е висок 190 см. Меланија во неколку наврати говореше дека нејзиниот син обожава спорт, па се чини дека му претстои блескава кариера во кошарката.
3. Тој е првото момче кое живее во Белата куќа од 60-тите години на минатиот век. Бил Клинтон и Обама имаат ќерки, па Барон е првото момче кое расне во Белата куќа по Џон Кенеди Помладиот.
4. Исклучително е паметен. Меланија Трамп отсекогаш сама го чувала својот син, па не бил препуштен на дадилките. Го научила да говори течно словенечки, за да може да разговара со своите баба и дедо по мајка. Оди во престижното училиште „Свети Андреј“, а знае и руски јазик.
5. Како бебе имал специјален третман. Меланија во едно интервју призна дека своето дете го мачкала со крем од кавијар додека бил бебе. Само најдоброто за Барон. Додека живееја во Њујорк, еден цел кат бил само за Барон, додека Меланија велела дека тоа е неговата дневна соба.