Бијонсе донираше за лицата погодени од ледената бура во Тексас

By

Американската пејачка Бијонсе заедно со „Адидас“ и организацијата „Bread of Life“ ги здружија силите за да соберат пари за загрозените жители на Тексас, кои се борат со последиците од ледената бура „Ури“.

Бијонсе преку својот мрежи, апелираше за помош на загрозените. Покрај тоа, таа ги покани погодените од невремето да се пријават на посебен линк за да им ги донираат потребните средства.

„Нашите молитви се со погодените од невремето“, напишаа од фондацијата, на Твитер.

Во ледената бура што го погоди Тексас, пред неколку дена, повеќе од 40 лица го загубија животот, а неколку милиони луѓе во моментов живеат без лекови, храна, вода, струја и греење. Низ цела Америка се започнати бројни хуманитарни акции, а веќе се собрани стотици илјади долари за помош на загрозените.

Инаку, ова не е првпат Бијонсе да им помага на Американците преку фондацијата „BeyGOOD“. Во текот на 2020 година пејачката повеќепати донираше средства за набавка на храна, заштитни маски, средства за дезинфекција и лекови поради пандемијата на коронавирусот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Ќе ви се допадне

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? III (Dub) (https://animeplanet.cc/m/W5dx) Episode 12 at website https://animeplanet.cc. See more boku no hero academia anime planet

Watch Attack on Titan Season 2 Episode 8 (https://animeflix.nl/m/vDq5/ep-8) at website https://animeflix.nl. See more your name animeflix