Со најновите фотографии Бијонсе предизвика лавина коментари за нејзиниот изглед.
Пејачката Бијонсе на прославата на 54-от роденден на нејзиниот сопруг Џеј Зи позираше во краткa бунда и проѕирно боди, а во коментарите многумина ја обвинија дека ја избелува кожата како Мајкл Џексон.
„Ти ги следиш стапките на Мајкл Џексон. Тажно“, „Зошто толку се трудиш да бидеш белa?“, „Очигледно мрази да биде Афроамериканka“, „Таа е цела бела“ и „Изгледа како Ким Кардашијан“ се некои од коментарите.
Медиумите потсетуваат дека Бијонсе беше мета на критики за нејзиното појавување на премиерата на Renaissance: A Film by Beyonce. Пејачката на настанот се појави со руса коса и светла кожа, а многу обожаватели ја обвинија дека ја осветлила кожата како Мајкл Џексон.