Бијонсе ќе добие 24 милиони долари за да пее на отворањето на луксузниот хотел „Атлантис Ројал“ во Дубаи. Ова ќе биде еден од ретките настапи на ѕвездата во изминативе пет години, пишуваат американските медиуми.
Бијонсе се врати на сцената лани со албумот „Ренесанс“, кој и покрај поделените коментари кај музичките критичари, помина одлично кај публиката, па нејзините фанови ја очекуваат нејзината следна турнеја на која ќе ги промовира песните во живо.
Заедно со Бијонсе ќе настапи и диџејското трио „Свидиш хаус мафија“, кое последен пат настапи во Обединетите Арапски Емирати по трката Формула 1 во ноември 2022 година.
Бијонсе, која немала целовечерен концерт од 2018 година, сега се согласила да настапи на отворањето на „Атлантис Ројал“. Хотелот е конзолна зграда од 43 ката, има 231 луксузен апартман, 693 хотелски соби и 102 апартмани, сите со поглед на Арапското Море и Палмата – вештачки создадениот остров во Дубаи. Хотелот има и 44 приватни инфинити базени поврзани со апартмани и пентхауси.