Била жртва на семејно насилство, па избегала од дома со три деца – Животната приказна на Меј Маск

Мајката на најбогатиот човек во светот Илон Маск, Меј или Маја е исто така популарна како и нејзиниот син. Родена е во Канда, каде почнала да се занимава со манекенство кога имала 15 години. Таа се уште е многу активна во светот на манекенството.

Нејзиниот животен пат бил возбудлив, а во некои сегменти и болен. За време на бракот со таткото на Илон, кога се запознала во Преторија кога со родителите се преселила во Јужна Африка, претрпела физичко и психичко малтретирање. Насилството траело со години, а таа во еден момент одлучила да биде храбра и со трите деца за замине од Ерол Маск. Се вратила во Канада и почнала од почеток, како самохрана мајка.

И покрај тоа што таа била самохрана мајка на три деца, успеала да заврши факултет, дури и да докторира. Таа е специјалист во областа на диететика и исхрана, а ја напишала и книгата „Жена со план: совети за живот полн со убавина, авантура и успех“. Прирачникот, базиран на лични искуства и бројни битки што ги водела, брзо стана бестселер.

Илон Маск е еден од најбогатите луѓе на денешницата, иноватор кој сака да ја спаси планетата и целиот универзум, а неговата крајна цел е да го насели Марс. Тој веќе лансираше повеќе ракети во вселената од НАСА и штотуку ја купи социјалната мрежа Твитер за 44 милијарди долари.

 

 

Scroll to Top