Били Ајлиш отворено зборуваше за проблемите со Туретовиот синдром

Пејачката Били Ајлиш отворено зборуваше за Туретовиот синдром кој го има уште од детставо. Таа во најновата епизода од шоуто „За мојот следен гостин не треба најава“ на Нетфликс направи необично движење со главата и устата. По ова движење водителот Дејвид Летерман ја праша Били дали тоа се должи на мува во студиото, на што таа одговори дека има тикови и тие се предизвикани од осветлувањето.

„Тоа е многу чудно, речиси воопшто не зборувам за тоа. Најчеста реакција на луѓето на тоа е смеа, бидејќи мислат дека се обидувам да бидам смешна. И тоа секогаш ме навредува и секогаш завршувам велејќи: ‘Имам Туретов синдром’“, изјави пејачката.

Таа во интервјуто отворено зборува дека е многу збунета од ова пореметување кое и било дијагностицирано на 11 годишна возраст. Били како дете имала поблаги тикови, но со текот на времето се менувале. Имало подобри и полоши периоди, но дека тиковите никогаш не престануваат во целост. Честите тикови на Били Ајлиш се допир на увото, кревање на веѓите, движење на вилицата и затегнување на мускулите на раката.

Туретов синдром е невропсихијатриско нарушување со тикови кое започнува во детството, а неговите основни симптоми се едноставни, сложени и гласовни тикови. Овој синдорм често се поврзува со ненамерно користење на вулгарни и навредливи зборови, што е само еден од симптомите.

Scroll to Top