Поранешната сопруга на милијрдерот Илон Маск, Џастин, откри како тој ја изневерувал додека биле во брак и како успеал да ја измами да потпише предбрачен договор, заради кој сега нема ништо од тоа што го стекнала во бракот.
Џастин Маск, за познат магазин откри дека во 2008 година, тој и побарал развод и испратил порака дека се свршил со британската глумица Тулулу Рајли. Претходно биле осум години во брак и имале пет деца. Тулули во тоа време била многу млада во дваесетите години.
Џастин вели дека заради Илон, Рајли се преселила во Лос Анџелес.
„Тогаш си помислив дека мојот жвиот со него се претвори во клише“, рече Џастин.
Вели дека се чувствувала како стартер сопруга, објаснувајќи дека кога се запознале тој бил само судент и дека заедно минале низ убави и лоши моменти, за да на крајот тој ја замени со нов модел.
Џастин рече дека поради договорот кој го потпишала само два месеци по венчавката, таа останала без ништо што го стекнала во бракот.
„Ми рече дека мораме да одиме кај адвокатот кој ќе ни помогне околу финансискиот договор. Нешто на кое од неговата компанија инсистираа да го потпишам. Кога ме виде дека сум изненадена, ми рече дека не станува збор за предбрачен договор“, откри Џастин.
Но, баш за таков договор се работеше. Таа го потпишала без да ги знае деталите, а со потписот се одрекла од сето тоа што и припаѓало како законска сопруга. Таа ја добила само семејната вила во Лос Анџелес која ќе ја наследат нејзините деца. Со договорот се согласила дека нема ништо да споменува од разговорите во бракот, или пак да прераскажува некакви сцени во судски процеси.
„Потпишав затоа што слепо му верував. Зашто ќе ни беше бракот ако не му верував? Бевме сродни души. Верував дека никогаш нема да се разделиме. Животот без него ми беше незамислив“, додаде таа.
Џастин вели дека со години е несреќна жена, затоа што Илон престанал да биде она што е кога таа се заљубила во него. Со порастот на богатството, тој станувал сè посуров и имал сè поголем број барања за неа. Ја терал да стане „трофејна русокоса“, да ја осветли косата, да посвети повеќе време на изгледот и шармантно да се смешка.
За потсетување, Илон Маск од неодамна раскина и со пејачката Клер Грajмс Бушер, со која беше три години во врска. Тој рече дека двајцата останале во добри односи и дека заедно се грижат за нивниот едногодишен син, на кого му дадоа необично име X Æ A-Xii.
„Се разведовме, но и понатаму се сакаме и често се гледаме“, рече милијардерот.
„Мојата работа во компаниите SpaceX и Тesla, бара често да бидам во Тексас или да патувам во странство, додека таа примарно е во Лос Анџелес. Во моментов престојува кај мене, а нашиот син е во соседната соба“, додал Маск.
Грајмс неодамна ја изненади јавноста кога раскажа дека не се идентификувала како мајка. Таа рече дека не ѝ смета, но, дека и било чудно тоа што нејзиниот син, ја вика Клер, место мамо.
„Раѓањето го доживеав како голем препород, уметнички. Да се биде мајка за мене е чудно. Од некоја причина никако не се поистоветувам со тој збор. Исто чудно ми е тоа што X ме вика Клер, а не мамо. Можеби и тој ја чувствува мојата одвратност кон тој збор“, рече Клер.
„Не знам зошто, но, чувствувам гадење кон тој збор, а инаку мајка како инситтуција ја почитувам. Само, не знам, не можам да се идентификувам со тоа. Чудно е“, додала Клер.
За потсетување, додека Маск, покрај X, ги има и 17 годишните близнаци Грифин и Хавијер и 15 годишниот Дамијан, Сакс и Каила, кои ги доби со Џастин. Поранешните сопружници го добија и синот Невад, кој починал во 2002 година, кога бил стар само 10 недели.
Тој починал од синдром изненадна смрт. Илон Маск, покрај Клер и Џастин, беше во брак и со глумицата Тулуло Рајли од 2013 до 2016 година, а едно време беше во врска и со поранешната на Џони Деп, глумицата Амбер Херд.