Бившиот маж на Витни Хјустон призна дека спиел со Мадона и дека бил зависен од секс

Бившиот сопруг на пејачката Витни Хјустон, пејачот Боби Браун во документарниот филм посветен на пејачката отворено зборува за зависностите и заедничкиот живот со славната пејачка.

Боби, веднаш по смртта на Витни Хјустон во 2012 година се обиде да го продаде сценариото за филмот „Биографија: Боби Браун“ во кој зборува за нивниот бурен живот.

Пејачот призна дека пред Витни бил вљубен во Џенет Џексон, но и дека спиел со Мадона.

“Што ме привлече кај Џенет? Сè. Нејзината насмевка, тело, танцови движења… Џенет и јас раскинавме затоа што таа не можеше да биде со маж како мене. Јас сум момче од соседството, а нејзиниот татко Џо Џексон не смее да биде со некој како мене“, тврди 53-годишниот пејач.

Тој се осврна и на врската со Мадона.
“Дали спиев со Мадона? Тоа не беше спиење. Едноставно се случи. Не знам ни како се случи. Таа веројатно знае”, рекол Боби, кој открил и дека бил зависник од секс.

Но, пејачот тврди дека љубовта меѓу него и Витни била нешто посебно и дека тоа се случило на прв поглед.

“Имаше нешто во нејзините очи што ме стопи. Токму онака како што ме гледаше од првиот до последниот ден кога бевме заедно. Секогаш беше посебно”, рекол тој.

Но, на денот на нивната венчавка на 18 јули 1992 година, пејачот тврди дека бил целосно шокиран кога ја видел другата страна на славниот Хјустон.

“Влегов и ја видов како влече линија од кокаин. Сè уште ќе бевме заедно ако не користеше дрога. Дрогата победи”, тврди Боби во документарецот.




		
		
			
Scroll to Top