Боб Дилан објави дека ќе направи тригодишна светска турнеја која ќе трае од 2021 до 2024 година. Тој веќе почна да ги продава картите иако концертниот бизнис беше целосно запрен од пандемијата. Новата турнеја ќе следи по неговиот последен албум кој го издаде по осум години.
Дилан беше на турнеја секоја година од 1988 до 2019, но лани мораше да мирува. Тој планира да им се врати на настапите во живо на 2 ноември во Милвоки и до 2 декември има закажано 21 концерт. За потсетување, музичарот на 24 мај наполни 80 години.