Жена го обвини познатиот пејач и текстописец Боб Дилан (81) дека сексуално ја злоупотребал кога таа имала 12 години, пишуваат странските медиуми.
Жената со иницијали Ј.Ц го обвини пејачот дека сексуално ја злоставувал во хотелска соба во 1965 година. Таа наведува дека тој ја искористил својата слава во текот на април и мај 1965 година за да се спријатели со неа пред да ја злоупотреби, кое било „придружено со алкохол, дрога и закани за физичка злоупотреба“. Настанот се случил во станот на Дилан во хотелот Челзи во Њујорк.
Таа наведува дека тоа искуството оставило трајни емоционални и психички последици врз неа, поради што морала да побара стручна помош. Меѓу другото, наведе и дека се соочила со депресија, срам и анксиозност.
Во обвинението, поднесено до Врховниот суд во Њујорк, се наведува и дека Дилан тогаш ја држел против нејзината волја, и сè уште не е познато колкав надомест ќе побара.
Портпаролот на Дилан изјави за Би-би-си дека тврдењето на 56-годишната е невистинито и дека енергично ќе се брани.