Боно неколкупати ја избегнал смртта

Пејачот на „У2“, Боно, откри дека за малку ќе умрел во периодот кога го снимал албумот Songs Of Experience. Боно не сакал да раскаже детали, но во јануарското издание на „Ролинг стоун“ рекол дека во новиот албум ја истражува токму таа тема – смртноста.

57-годишниот Боно објаснил дека му е тешко да зборува за настанот за умирање, но рекол дека еднаш лекарите се сомневале дека има рак на грлото, ама тестот бил негативен. Еднаш имал голема несреќа со велосипед кога исто така помислил дека ќе умре.

„Луѓето имаат такви случки во животот, може да се психолошки или физички. Во мојот случај беше физички“, рекол тој.

Scroll to Top