За семејната афера на Боно Вокс зборува речиси цела јавност. Пејачот изјави дека човекот што го претставувал како негов братучед, всушност му бил полубрат. Тој бил дете од аферата на неговиот татко со една жена со која се следал во шеесетите. За аферата на неговиот татко тој зборуваше на почетокот на годината. Но, сега откри и детали. Вели дека жената која била вмешана во аферата е неговата вујна Барбара, а нивното дете е аналитичарот на берзата, Скот Ранкин.
„Се чувствувавме како браќа долго време пред да дознаеме дека всушност навистина сме браќа“, рекол Боно.
Мајката на пејачот Ајрис Хјустон починала во 1974 година, кога тој имал само 14 години и таа никогаш не дознала за оваа афера. Барбара била во брак со братот на Ајрис кој почина во 2020 година. Љубовната врска на неговата вујна Барбара со неговиот таткоја криеле речиси сè до смртта на таткото на Бон Вокс, кој почина во 2000 година од рак.
„Кога дознав дека нешто се случува, го обвинував татко ми што ја изневерувал мајка ми и ја понижил. Татко ми поминал низ многу работи, бидејќи со умот бил на едно место, а со срцето на друго. Бевме многу блиско семејство, можам само да кажам дека татко ми бил во врска со преубава жена со која подоцна добил и дете. Сето тоа со години било чувано во тајност“, изјави пејачот, а пренесува Дејли Стар.