Лилијан де Карваљо Монтеиро, која е 23 години помлада од својот сопруг, роди девојче, а самиот Борис Бекер ја објави добрата вест на Инстаграм.
Поранешниот тенисер ја објави првата фотографија од својата ќерка.
„Добредојде на свет. Зои Виторија Бекер“, напиша тој, откривајќи го името на својата миленичка.
Ова е нивното прво дете, но петто за Борис, бидејќи тој веќе има две ќерки и два сина од претходни врски.
Патем, Лилијан е третата сопруга на Бекер, а тие се во врска од 2019 година.
„Никој не е поважен од другиот, мене ми треба Лилијан, а се надевам дека и таа има потреба од мене. Се запознавме во време кога се чувствував навистина лошо. Професионално, лично, физички, се чувствував полошо отколку што некогаш сум се чувствувал во животот, но и покрај тоа, Лилијан беше заинтересирана за мене.
Тоа е извонредно, бидејќи таа можеше да биде заинтересирана за мене само како личност затоа што немав што друго да понудам – никогаш порано не сум сретнал таква жена“, рече тој еднаш.
фото: принтскрин






