Светските таблоиди се полни со вестите за тоа што се не би функционирало во бракот на принцот Хари и Меган Маркл. Брак кој сеуште не е ни склопен.
Во предвидувањата се наведени и рокот на траење, како и за тоа дали Хари ја изневерува Меган.
Остана нешто повеќе од еден месец од закажаниот датум кога треба да се случи венчавката, на 19 мај, но проблемите за оваа двојка никогаш да завршат.
Во моментов е покрената полемика за тоа дали Меган и Хари се создадени еден за друг.
Американските и британските медиуми на големо пишуваат за наводните неверства на Хари, а неименувани извори од британската палата, говорат за тоа дека принцот Хари повеќе го сака селебрити статусот кој го има неговата идна сопруга, отколку самата неа.
До толку далеку се отишло во прогнозите за идната кралска британска двојка што некои од нив пресметале и точно колку долго ќе трае нивниот брак. Исто така неименувани извори од палата прогнозираат дека нивниот брак ќе трае цели три години, период доволен за да добијат едно или две деца. Истите извори велат дека Хари многу брзо може да ја изневери Меган, затоа што веќе одамна е познат дека е сериски прељубник.