Помладиот брат на глумецот Крис Рок, Кени Рок, го предизвика оскаровецот Вил Смит на боксерски двобој, пренесе TMZ.
Кени потпиша договор со Дејмон Фелдман, основачот на Celebrity Boxing и со него договори борба за ова лети во Флорида. Затоа што нема противник, тој го предизвика Смит кој на церемонијата на Оскарите му удри шамар на неговиот брат Крис.
Помладиот брат рече дека разликата во висина и тежина не е важна и дека тоа нема да му претставува проблем. Иако Вил Смит го глумеше Мухамед Али во филмот во 2001 година, братот на Крис е убеден дека ќе го победи.
Инаку Кени претходно го повика Смит поради нападот на неговиот брат и рече дека академијата треба да му го земе Оскарот. Тој рече дека Крис не знаел дека Џејд Пинкет Смит има алопеција. Неговата борба на Флорида е закажана за 11 јуни.