Бред Пит 56. роденден го прослави со децата

Глумецот Бред Пит 56. роденден го прослави со неговите деца, пишуваат светските медиуми. Актерот во средата славеше роденден во неговиот дом во Холувуд.

„Децата го посетија за неговиот роденден. Со нив беа лицата од обезбедувањето кои по неколку часа ги вратија кај Анџелина Џоли“, вели извор близок до семејството.

Тој открива дека договорот паднал децата да бидат со Бред Пит и за време на Божиќ.

„Тие ќе поминат некое време во куќата на Бред каде ќе вечераат традиционални јадења и ќе разменуваат подароци. Ќе слушаат музика и ќе се дружат. Бред отсекогаш сакал да има посебни поменти со нив. Секога се обидува да им ги погоди подароците. Најважно за него е да биде со нив. Секогаш е возбуден кога ќе му дојдат во посета. Тоа е единствената работа која ја сака“, открива изворот.

Бред и Џоли имаат шест деца: Медокс 18, Пакс 16, Захара 14, Шајло (13) и близнаците Нокс и Вивиен 11. Холивудската двојка се раздели во 2016 година, по две години брак. Во 2018 година се договорија околу старателството над децата.

 

 

Scroll to Top