Бред Пит го промовираше розовиот шампањ што го произведе со Анџелина Џоли

By

Бред Пит го претстави своето прво розово шампањско, Fleur de Miraval, кое го произведе винаријата Миравал, чии сопственици се тој и Анџелина Џоли. Нивни партнер во винаријата е Матје Перин, кој потекнува од угледно француско семејство кое со години произведува вино, а најпознатото од нив е Chateau de Beaucastel.

Розовото вино на Бред и Анџелина се произведува од 75% шардоне и 25% пино ноар. Едно шише од ова вино чини 340 евра. На неговиот вкус се работело пет години.

„Бред прерасна во вистински мајстор за вино. Тој работеше напорно на ова шампањско. Иако со Анџелина се договорија да не бидат заштитни лица на розовиот шампањ, сепак, Бред е тој што ќе го промовира бидејќи е горд на тоа што го направи“, рекол за француските медиуми извор од винаријста.

Ова вино е ексклузивно и првата година ќе бидат произведени само 20.000 шишиња.

Ќе ви се допадне