Љубовната врска помеѓу актерот Бред Пит и дизајнерката на накит Инес де Рамон добро напредува, пишуваат странските медиуми.
Освен тоа, 59-годишниот оскаровец би сакал повторно да се смири и покрај неговиот луд работен распоред, фокусиран е на својата иднина со 27 години помладата Инес.
Тие се уште не се во фазата во која би почнале да живеат заедно, но се оди во таа насока, открил извор близок до парот.
„Засега размислуваат како да избегаат од Америка во текот на летото, а би можеле да одлучат да патуваат заедно во Европа. Патувањето во странство за Пит би можело да биде авантура во која ќе ги спои задоволството и работата, бидејќи актерот секогаш бара интересни недвижнини, а ги има повеќе од доволно на европско тло“, изјавил изворот.