Холивудскиот актер Бред Пит боледува од ретко невролошко нарушување, прозопагнозија. Тоа е проблем со препознавање луѓе и запомнување лица.
„Станува збор за нарушување на перцепцијата на човечкото лице, уникатно и ретко невролошко нарушување кое предизвикува проблеми кај многу луѓе. Иако повеќето не ни знаеле дека нивната состојба има официјално име“, рече Пит во интервју за магазинот „GQ“.
Актерот во интервјуто зборуваше за тоа дека луѓето го доживуваат за арогантен и недостапен, но тој објасни дека тоа е така затоа што не ги препознава поради болеста.
Пит зборуваше за проблемите со алкохолот, за производството на вино со кое моментално се занимава, како и за потрагата по непостоечко закопано богатство во Франција.