Британска принцеза се мажи за келнер

Британската принцеза Евгенија соопшти дека е свршена за своето момчето Џек Бруксбенк, со кого е во врска со години, како и дека се очекува уште една кралска венчавка наесен.

Двојката се сврши во Никарагва, а официјалното соопштение стигна од Бакингемската палата.

Принцезата Евгенија (27) е внука на кралицата Елизабета и деветта по ред за налседник на престолот. Таа е втората ќерка на принцот Ендрју, третото кралско дете кое носи титула на војводата од Јорк.

Како осма членка во семејството во редот за престолот, на Евгенија не ѝ е потребен формален благослов од кралицата, но е воодушевена затоа што сепак го добила.

Кој е Џек Бруксбенк?

Дваесетгодишниот Џек е обожавател на ноќниот живот во Лондон и работи како амбасадор за Casaming, текила-компанија, што ја оформил Џорџ Клуни.

Со Евгенија се запознаа во 2010 година преку нивни заеднички пријатели во текот на едно зимување.

Во тоа време тој работел како келнер, но од тогаш се искачил на значително повисоко место во рангирањето на угостителските индустрии. Тој се надева дека еден ден ќе стане сопственик на синџир пабови.

 

 

Scroll to Top