Кир Стамер, лидер на британската Лабуристичка партија, е долгогодишен пријател на 43-годишната адвокатка Амал Клуни. Тој е во одлични односи и со нејзиниот сопруг, славниот 60-годишен актер Џорџ Клуни.
Стамер за Мирор изјави за дружбата со семејството Клуни и откри какво е нивното пријателство.
„Тие ме поканија на ручек во нивниот британски дом во областа Ридинг. Ја познавам Амал многу години, таа е извонреден адвокат. Тогаш го запознав Џорџ за прв пат. Беше одлично, разговаравме за сè“, рече тој.
Тие се познаваат околу две-три години. На британскиот политичар му се допаднало тоа што актерот му дал неколку совети.
„Тој добро ја разбира политиката, затоа многу разговаравме за тоа“, го пофали Кир. Но, ручекот бил продолжен на целодневно и вечерно дружење. „Оставивме многу празни шишиња зад себе“, рече политичарот и додаде дека сè уште е во добри односи со Клуни.