Британскиот пејач Род Стјуард стана дедо. Во петокот син му Лиам Стјуард сo сопруггата Никол Артукович го добија синот Луис Марк Родерик Стјуард. Убавата вест ја сподели Лиам на „Инстаграм“, кој сликаше син му во дресот на фудбалскиот тим „Селтикс“.
„Добредојде дете“, напиша Лиам и додаде дека син му сега има американски, британски и корени од Нов Зеланд и Хрватска. Голем број пријатели им честитаа.
„Добредојде преубав анѓелу. Честитки, прекрасен е“, му напишаа тие.
Род во 2011 година доби внука од ќерка му Кимберли. Пејачот има осум деца со пет различни жени.