Бритни ги подгреа шпекулациите дека тајно се омажила со Сем, откако го нарече нејзин сопруг

Светската поп икона Бритни Спирс (40) моментално е на одмор во Француска Полинезија со својот вереник Сем Асгари, каде го прославија неговиот 28 роденден. Пејачката ги подгреа шпекулациите дека тајно се омажила со него, откако му честиташе роденден, нарекувајќи го „мој сопруг“.

„Толку неверојатна слика од мојот сопруг Сем! Тој е толку вреден работник и секој ден ме восхитува со неговата страст за животот! Многу сум среќна што можам да го споделам мојот живот со него. Среќен роденден!“, напиша таа во објвата.

„Велам, не сакам повеќе торта, бејби, те молам“, се пошегува Сем во коментар, мислејќи на неговата испружена поза на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Претходно, таа му честиташе роденден, изразувајќи желба дека сака да има семјство со него.

„Среќен роденден на мојот свршеник. Те сакам толку многу. Сакам семејство со тебе. Сакам сè со тебе“, напиша таа во претходната честитка на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Двојката ја потврди свршувачката лани во септември. Два месеци подоцна, Бритни откри дека Донатела Версаче ќе ѝ ја дизајнира венчаницата.

Scroll to Top