Бритни и Сем сепак потпишаа предбрачен договор, фитнес-тренерот нема да ги добие парите на пејачката

By

Пејачката Бритни Спирс се грижи нејзиниот имот да биде заштитен во нов брак со Сем Асгари. Тие потпишаа предбрачен договор со кој ќе се осигура дека Асгари нема да добие ништо од богатството на Спирс, заработено пред датумот на свадбата, во случај да се разделат во иднина, пренесува „Пипл“.

dobivaj vesti na viber

Бритни и Асгари се венчаа во домот на пејачот во Лос Анџелес, Калифорнија, а на свадбата присуствуваа околу 60 гости. Пејачката за овој ден одбра три различни фустани, помеѓу кој и венчаницата со потпис од ателјето на Версаче.

Меѓу гостите, освен Донатела Версаче, беа и Мадона, Дру Баримор, Парис Хилтон и Селена Гомез. На свадбата не беа поканети родителите на Бритни и нејзината сестра Џејми Лин, а не дојдоа ни двата сина што ги има од бракот со танчерот Кевин Федерлајн.


Ќе ви се допадне