Бритни Спирс крена голема прашина со најавените мемоари, во кои откри дека абортирала дете за време на врската со поранешното момче, поп ѕвездата Џастин Тимберлејк, пишува магазинот „Пипл“.
„Многу го сакав. Очекував дека еден ден ќе основаме семејство, но Џастин не беше среќен поради мојата бременост. Тој рече дека не сме подготвени за дете, дека сме премногу млади”, напиша пејачката и додаде :
„Сигурна сум дека луѓето ќе ме мразат поради ова, но се одлучив за тоа. Не знам дали тоа беше вистинската одлука. Да беше до мене, никогаш немаше да го сторам тоа. Но сигурно беше дека Џастин не сакаше да биде татко“, додаде таа.
Да потсетиме, Џастин и Бритни беа во врска три години, а околу нивната врска владееше вистинска еуфорија, се додека не раскинаа во 2002 година. Спирс тврдеше дека Џастин и бил првото момче, со кое ја изгубила невиноста. Кога раскинаа, Џастин во својата хит песна „Cry me a river“ откри дека пејачот го изневерил.
Инаку, Бритни на 24 октомври ќе ги објави своите мемоари „The Woman in Me“.