Бритни пак го избриша „Инстаграм“ откога ги навреди родителите

Бритни Спирс повторно го избриша својот „Инстаграм“, откако им напиша неколку навредувачки пораки на родителите Џејми и Лин. Прво напиша дека додека 13 години била под нивна контрола, кон неа се однесувале како со куче, а потоа го избриша профилот.

„Зошто ти и другите во семејството се согласивте да ме третирате како куче. Што ги прави другите ваши ќерки толку посебни, за со мене да се однесувате како со куче?“, напиша Бритни.

Тврди дека татко ѝ Џејми секогаш ѝ зборувал колку е дебела и дека поради тоа никогаш не се чувствувала убава и доволно добра за него.

Коментарите за татко ѝ ги објави еден ден откако напиша дека мајка ѝ една вечер ја удрила толку силно затоа што се вратила доцна вечерта од едно ноќно излегување. Додека се забавуавла до 4 часот утрото, Лин ѝ ги чувала нејзините деца Џејден и Престон.

„Мајка ми беше толку лута ѝ ме удри толку силно што никогаш нема да заборавам“, напиша Бритни, пред да го избрише „Инстаграм“.

 

 

Scroll to Top