Бритни Спирс по шест години се враќа на сцената, откако сними дует со Елтон Џон. Тие заедно ја обработија неговата песна Tiny Dancer од 1971 година.
Песната Бритни и Елтон ја снимиле минатата недела во студио на Беверли Хилс, а Јуниверзал мјузик ќе ја објави наредниот месец.
„Ова беше негова идеја, а Бритни го обожава. Снимија обработка на легендарниот сингл Tiny Dancer и навистина звучи неверојатно,“ изјави за американските медиуми извор близок на двајцата пејачи.
Бритни последниот сингл Slumber Party го објави во 2016 година.
Култниот магазин „Ролинг стоун“ песната Tiny Dancer минатата година ја рангираше на 47. место меѓу 500 најдобри песни на сите времиња.