Бритни Спирс е како во кома, адвокатот на пејачката проговори за нејзината тешка состојба

Адвокатот на Бритни Спирс, Сем Ингам, откри детали за менталната состојба на пејачката и ја спореди со пациент во кома. Тој пред судот истакнал дека Бритни не е во состојба да потпише било каков документ затоа што не може ниту да го прочита ниту да го разбере.

„Таа е во кома, не буквална, но така се однесува. А луѓето во кома треба да имаат адвокати кои ќе зборуваат во нивно име. Нејзината здравствена состојба не е добра и тоа е нешто што многу ме загрижува. Ментално многу е лошо, толку лошо што таа не е свесна каде се наоѓа и што се случува околу неа“, порачал адвокат.

Бритни Спирс го ангажирала Ингам за адвокат, кој е задолжен да бара од надлежните институции да го поништат старателството што го има татко ѝ Џејми Спирс над неа.

На тој начин Бритни сака Џејми да престане да има контрола над неа и нејзиниот живот. Џејми Спирс во 2008 година ја презеде контролата над нејзината работа и така го спречи негативниот публицитет со кој пејачката се соочи и кој можеше да ја уништи нејзината музичка кариера.

Џеми го презеде старателството над својата нестабилна ќерка и благодарение на тоа поп-пејачката ѝ се врати на музиката.

 

Scroll to Top