Брус Спрингстин доби казна за пиење алкохол во национален парк

 

Легендарниот рокер Брус Спрингстин добил казна од 540 американски долари поради пиење алкохол во национален парк каде што тоа е забрането.

Суперѕвездата, лани, на 14 ноември беше уапсен, бидејќи, како што рече на рочиштето на „Zoom“, испил „две мали текили“ во Gateaway National Recreation Area во Њју Џерси.

Спрингстин е обвинет и за несовесно возење и возење под дејство на алкохол, но судот поради недоволно докази, се очекува да ги отфрли двете обвиненија, пишуваат странските медиуми.

Судијата Ентони Маутоне истакна дека пред само две години консумирањето алкохол во националниот парк се сметало за кршење на законот.

Scroll to Top