Американскиот актер Брус Вилил ќе игра во три нови филма, пренесуваат светските медиуми. Вилис потпишал договор со студиото Emmett / Furla Films, со кого веќе има снимено 17 филмови.
Последниот, Midnight in the Switchgrass, во кој покрај Вилис глумат и Емили Хирш и Меган Фокс, почна да го снимаат во март. По пет дена екипата мораше да прекине, поради короанвирусот.
Снимањата ќе продолжат на 29. јуни во Порторико, а по завршувањето, Вилис ќе продолжи да работи на првиот од трите нови филмови Out of Death.
Покрај Брус Вилис, во филмот на режисерот Мајк Барнс ќе глуми и Џејми Кинг. Вториот филм на Вилис го носи насловот Run of the Hitman.
Станува збор за филм во кој платеник ќе се обиде да спречи корумпиран вработен, кој се обидува да ги контролира своите работодавци и да ја користи организацијата за свои цели.
Третиот филм, Killing Field, чиј сценарист е Рос Пикок, е за жена чиј спокоен живот на фармата завршува, кога еден полицаец ќе дојде кај неа со двајца опасни криминалци.
„Среќен сум што ја продолжуваме соработката со Брус Вилис преку снимањето на овие три филма“, изјавил Рандал Емет еден од сопствениците на студиото.