Холивудскиот глумец Брус Вилис мораше да се повлече од актерството затоа што боледува од афазија, болест која влијае на спосоноста на слушање и говор. Сега неговите пријатели тврдат дека болеста ја влече уште од снимањето со Моника Белучи во филмот Tears of the Sun.
Тие велат дека на сетот Вилис бил погоден со проектил, што подоцна предизвикало екстремна, ментална, психичка и емотивна болка. Неговите пријатели и семејство се убедени дека оваа повреда е клучна за појавата на афазија со која денес глумецот се бори.
Станува збор за заболување кое влијае на способноста за слушање и говор, читање и пишување, а кое не е поврзана со слухот и видот. Најчести причини се мозочен удар, тумор, трауми и васкуларни лезии, но може да се појави и со повреда на главата, силен удар или инфекција.
Афазијата е мозочно оштетување кое не може да се докаже со дијагностички постапки. Ова пореметување е едно од симптомите на деменција, објаснува доктор Владимир Синицки, специјалист на радиологија.
Пријателите на Вилис тврдат дека траумата и повредата која ја доживеал глумецот на сетот Tears of the Sun во 2002 година била пресудна за неговата болест. На сетот Вилис бил погоден со проектил во чело.
Несреќата се случила за време на пиротехничка детонација која ја извела екипата за специјални ефекти. Вилис го тужел Revolution Studios за нанесување на екстремна ментална, психичка и емотивна болка.
За потсетување, Брус Вилис деновиве објави дека се повлекува од глумата, како резултат на тешката болест.