Американскиот актер Чарли Шин се смета за еден од најнеодоливите холивудски шармери, на кого не му одолеале бројни познати убавици, а веќе е добро познато дека наводно спиел со дури 47.000 жени.
Во подкаст што го водеше Логан Пол, тој рече дека ја изгубил невиноста кога имал 15 години, од ескорт девојка по име Кенди, која ја пронашол во телефонскиот именик и ја платил со кредитната картичка на неговиот татко.
„Створен сум за дегенерација, за безгрижност… Начинот на кој се манифестира во мојот живот се менува во секој момент. Може да биде дрога, може да биде жена… Може да биде милион работи, нели? Отсекогаш сум чувствувал дека е дел од мојата ДНК“, отворено рече актерот.
И кога дојде до пресметување со колку жени спиел…
„Што мислиш дека беше она што те натера да кажеш: ‘Ќе имам секс со 47.000 жени, ќе ја пробам секоја дрога, ќе срушам авион, ќе го победам Мајкл Џордан, ќе направам сè и никогаш нема да кажам не на ништо?’“, го праша водителот.
Чарли Шин одговори дека ова звучи како да е живот на некој друг, а не негов.
„Не беше толку брзо како што го кажавте. Повеќе беше како скролање и соочување со секоја ситуација и сценарио онака како што се појавуваа во мојот живот или во која било ментална состојба во која бев. Тоа доведе до резултатите што ги барав“, објасни Шин, чиј живот беше тема на документарец на Нетфликс кој веднаш го најде својот пат до публиката.
фото: принтскрин