Од кабинетот на принцот Чарлс демантирале дека тој бил членот на кралското семејство што ја коментирал бојата на кожата на децата на Хари и Меган Маркл. Шпекулациите беа изнесени во една книга, а од кабинетот на Чарлс ги нарекле фикција.
Американскиот автор и новинар Кристофер Андерсен, кој бил и поранешен уредник на магазинот People, напишал дека принцот Чарлс е тој што ја коментирал бојата на кожата на своите внуци уште во ноември 2017 година кога Хари и Меган се свршија.
Во книгата Brothers And Wives: Inside The Private Lives of William, Kate, Harry and Meghan, Андерсен пишува дека принцот и војвотката од Кронвол рекле: „Се прашувам на што ќе им личат децата“.
Тогаш Камила наводно одговорила: „Па ќе бидат прекрасни, убедена сум“, на што Чарлс ѝ возвраќа: „Мислам на тенот на децата“, пишува во книгата.
Од кабинетот на Чарлс остро демантираат дека се случил таквиот разговор.
„Ова е фикција и не е вредно за коментар“, рекол портпаролот на кабинетот.
За потсетување, Хари и Меган обвинија дел од членовите на кралското семејство за расизам во популарното интервју кај американската водителка Опра Винфри, кое беше емоитувано претходно оваа година.
Меган тогаш рече дека кога била бремена со Арчи, неименуван член од кралското семејство го поставил прашањето за тоа колку нивното дете ќе им биде темно кога ќе се роди.
Војвотката тогаш не сакала да ѝ одговори на Опра за кој член од кралското семејство станува збор објаснувајќи дека тоа би направило голема штета.
И принцот Хари одби да ги даде сите детали. „Никогаш нема да го откријам тој разговор. Во тоа врме тоа беше многу чудно, бев прилично шокиран“, рече Хари.