Чарлс и Вилијам се здружија за да го исфрлат принцот од кралското семејство

Принцот Чарлс и неговиот син принцот Вилијам, ги здружија силите за да го исфрлат од кралското семејство принцот Ендру.

Ендру, кој му е брат на Чарлс повеќе не е пожелен меѓу членовите на кралското семејство, поради скандалите кои излегоа во јавноста и неговата поврзаност со педофилот Џефри Епштајн.

Британските медиуми пренесуваат дека Чарлс и Вилијам не се согласуваат по голем број на прашања, но околу едно се согласени. Тие не сакаат да го видат повеќе посрамотените принц Ендру, во кралското семејство како рамноправен член.

Доброупатени извори за Natinal Enquirer открива дека 60 годишниот Ендру, минатиот месец имал таен состанок со неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, во дворецот Виндѕор.

Засега не се познати деталите од тој состанок, но многумина во дворот се убедени дека војводата од Јорк, ја молел кралицата да му ги врати неговите кралски должности, од кои таа го разреши.

Кралицата му ги зема сите привилегии, откако се расчу дека Ендру е вмешам во педофилското царство кое го водеше покојниот милијардер Џефри Епштајн. На Ендру дури и му се заканува казнено обвинение поради сексот кој го имал со малолетни девојки.

Изворот тврди дека Ендру нема да се врати во кралското семејство, додека во него се принцот Чарлс и Вилијам. Тие наводно дури сега дознале за доказите за поврзаноста на принцот Ендру со госпоѓа Максвел, девојката која му ги врбувала малолетничките на Епштајн.

На Максвел моментално и се суди во Њујорк. Чарлс бил толку шокиран што сега е уште поодлучен на помладиот брат да не му дозволи да се врати во семејството и да му бидат вратени сите привилегии и должности, открива изворот.

Чарлс го смета Ендру за токсичен за кралското семејство. Еден од дкзаите за тоа е блиската на Ендру, со Максвел, која пред американскиот суд откри дека принцот имал секс со малолетната девојка Вирџинија Робертс.

Изворот откри дека поранешниот сопруг на војвотката Сара Фергусон, е под голем стрес, затоа што јавно се разоткрило и дека бил во врска со Максвел, која за Епштај набавувала малолетни девојки, кои потоа милијардерот ги продавал за секс на голем број политичари и моќни луѓе.

Меѓу нив се споменуваат и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, како и многу други бизнисмени, и глумци од Холивуд.

И додека најмладиот син на кралицата Елизабета, се препотува од страв, поради продолжението на судењето, за тоа време тој успешно се крие од очите на јавноста, нешто што и неговата мајка му наредила да го прави.

Ендру не бил виден во јавноста, од венчавката на 32 годишната принцеза Битрис, неговата најстара ќерка, кое се случи во јули оваа година.

 

Scroll to Top